Сончево и топло со слаб северозападен ветер

138

Претежно сончево и топло со слаб северозападен ветер, предвидуваат метеоролозите за денеска.

Дневните температури ќе се движат во интервал од 24 до 36 степени.

Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 34 степени.

УВ индексот ќе изнесува 9.

В петок и за време на викендот во попладневните часови можна е изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец.