Сончево и топло преку ден, северен ветер во текот на ноќта

83

Времето денеска ќе биде претежно сончево, во источните делови на земјата со мала локална облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.

Од таму додаваат дека во текот на ноќта ќе биде претежно ведро и ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната од 26 до 33 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево време со мала локална облачност. Повремено ќе дува засилен северен ветер, а температурата во текот на денот ќе се движи од 14 до 30 степени.

До среда ќе се задржи претежно сончево и топло време. Дневните температури ќе бидат високи за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд, а температурата ќе биде во опаѓање.