12 C
Skopje
24.9.2018 - 10:00

Сончево и топло време со температурa до 28 степени

475

Времето претпладнево ќе биде претежно сончево, а попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од четири до осум степени, а дневната од 22 до 28 степени.

Во Скопје претпладне сончево со мала локална облачност, а попладне краткотрајно облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе достигне до осум степени, а дневната температура до 26 степени.

Во наредните денови во поголем дел од земјава времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а услови за изолирана појава на краткотраен дожд ќе има претежно во западните делови.

Во сабота уште повеќе ќе се зголеми облачноста, а во недела со зголеменото наоблачување ќе има услови за краткотраен локален дожд, особено во западните делови на земјава. Во понеделник ќе биде посвежо за неколку степени и врнежливо.