Сончево и ветровито со температура до 14 степени

25

Во ноќните часови беше умерено до значително облачно, понекаде во источните делови се уште со локален дожд,а на планините и на повисоките места со провејување на снег. Утрово е сончево, на истокот со мала облачност. Дува слаб до умерен, а долж Повардарието на места засилен ветер од северозападен правец.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне вдолж Повардарието ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени. Во Скопје ќе биде сончево, претпладне со умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 11 степени.