Сончево време со температури до 36 степени

43

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, ќе дува слаб до умерен ветер најчесто од североисточен правец.

Минималната температура ќе се движи од 13 до 22, а максималната од 28 до 36 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб претежно северен ветер. Температурата ќе се движи од 20 до 34 степени.