Сончево време со температури до 15 степени

47

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Преку ноќта облачноста ќе се зголеми.

Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно јужен ветер. Максималната температура ќе достигне 12 степени.