Сончево време со температура до 36 степени

46

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се спушти помеѓу девет и 17, а дневната ќе достигне од 26 до 36 степени, соопшти УХМР. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 35 степени.

Во следните денови продолжува периодот на стабилно, претежно сончево и топло време со мала до умерена облачност. Наутро ќе биде посвежо, а дневната температура ќе биде во благо опаѓање. Во текот на идната недела ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.