Сончево време со температура до 35 степени

36

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а  дневната од 25 до 35 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.

Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 33 степени.

Во наредниот период ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во петок и во сабота ќе има попладневна дестабилизација со локален дожд и грмежи, претежно во северозападните и североисточните делови.