Сончево време со слаб југоисточен ветер

75

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 7 до 15 степени, а дневната температура од 26 до 31 степени. Во Скопје ќе биде сончево со слаб југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до 13 степени, а дневната ќе достигне до 31 степен. УВ-индексот ќе биде 6.

Продолжува периодот на стабилно, суво и релативно топло време.