Советот за безбедност ќе заседава за ситуацијата со ковид-19

360

Со почеток во 12 часот, во Кабинетот на претседателот во „Вила Водно“, ќе се одржи седница на Советот за безбедност.

На седницата, покрај редовните членови на Советот, по покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче.

На десеттата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација предизвикана од пандемијата на ковид-19 и мерките и активностите на надлежните институции, се наведува во соопштението.