Собраниската служба се вклучи во акцијата на „Не биди ѓубре“

56

Вработените во Собранието денеска масовно се вклучија во акцијата на чистење на  граѓанскотото здружение „Не биди ѓубре“.

Тие го чистеа просторот околу собраниската зграда, како и делот кај Домот на АРМ и улицата „Даме Груев“.

Отпадот што беше собран, вработените во Собранието го селектираа на пластичен и на друг отпад во посебни ќеси за смет. Во соработка со екипите од градските јавни претпријатија, како и соодветните стручни служби сметот што беше собран беше дистрибуиран на соодветни локации.

Акцијата „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“ е организирана заедно со граѓанскотото здружение „Не биди ѓубре“, а е помогната и од канцеларијата на ЕУ во Скопје и амбасадорот Самуел Жбогар. Нејзина основна цел, покрај тоа што ќе се исчистат определените локации, е пред се подигнувањето на свеста кај граѓаните.