Собранието ќе одлучува дали Јовески ќе го преземе СЈО

92

Законот за јавнообвинителска служба со кој се решава статусот на вработените во Специјалното обвинителство (СЈО) ќе се најде на дневниот ред на Собранието, на седницата на 11 декември.

Пратениците од СДСМ и од ДУИ предлагаат овозможување на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески да добие овластување да ги потпишува налозите за сите трошоци на СЈО. Според предлогот Јовески би добил надлежност и врз истражителите во СЈО.

Мандатот на СЈО трае до септември в година, со можност за продолжување, за што треба да одлучува Собранието. Поранешната шефица на (СЈО) Катица Јанева беше разрешена на 14 септември, на еден ден пред истек на нејзиниот мандат.