Следува потопло време со температури над 20 степени

164

Времето утре наутро ќе биде студено, а преку ден сончево со слаб до умерен североисточен ветер, кој краткотрајно ќе се засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5, а максималната од 12 до 20 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност и со умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 18 степени.

Следува период на стабилно претежно сончево и сè потопло време. До четврток наутро на некои места температурите ќе бидат и неколку степени под нулата, а потоа малку ќе се покачат. Од четврток дневните температури во повеќе населени места ќе бидат над дваесеттиот степен.