Следи сончево и топло време со температури до 33 степени

114

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во крајните источни делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде помеѓу 10 и 16, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ=9

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Температурата ќе се движи од 13 до 30 степени.

Под влијание на топла воздушна маса од југ следува период на значително потопло време. Локално во попладневните часови ќе има краткотраен пороен дожд проследен со грмежи и услови за изолирана појава на град.