Следи период на топло време, најтопло од четврток до недела

32

Времето претпладне сончево и топло, а попладне особено на исток, облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од североисточен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Максималната температура ќе биде од 28 до 35 степени.

Во Скопје сончево со умерен ветер, попладне со умерена облачност. Температура до 32 степени. УВ-9.

Продолжува период на топло време, а најтопло ќе биде од четврток до недела. До средината на неделата претежно во попладневните часови некаде ќе има појава на изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за појава на град.