Силно невреме со дожд и ветер го зафати Скопје

198

Силно невреме со поројни дождови го зафати скопскиот регион. Отежнат е сообраќајот и на автопатот Тетово-Скопје, а возилата се движат со 40 километри на час. Тоа создаде колони и делумно го закочи сообраќајот.

Инаку, невремето зафати и други градови низ дражавата, проследено со врнежи. Според метеролозите, ваквата временска нестабилност ќе се задржи до крајот на идната недела.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималните температури ќе бидат во интервал од 13 до 21 степени, а максималните ќе достигнат до 33 степени.