Силен земјотрес со магнитуда од 5,2 степени според Рихтер синоќа околу 23.31 часот ја стресе Грција.

Земјотресот според сервисот ЕМСЦ, бил на 14 километри југозападно од Костур, Грција.

Според досегашните податоци на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, потресот бил почуствуван и во Битола, Ресен, Охрид, Струга со интензитет од ИВ степени според Европската макросеизмичка скала, а во останатите делови на територијата на Македонија со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Од опсерваторијата додаваат и дека епицентарот на земјотресот бил на 170 километри јужно од Скопје.