Се одбележува 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

573

Денеска (5 мај) е Денот на македонскиот јазик. Азбуката е создадена на 3 мај 1945 и е предложена на тогашната Влада.

Таа ја прифатила и азбуката е официјализирана на 5 мај со објавување во весникот „Нова Македонија“.

Објавувањето на 5 мај се смета за службен документ. Фотографиите се од објавата во „Нова Македонија“ на 5.5.1945 година.