Серија земјотреси ја погодија Битола

235

Серија земјотреси со епицентри во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во Грција се регистрирани вчера и денеска, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Најсилни од оваа серија биле земјотресите од вчера во 15 часот и 40 минути и земјотресот денеска во 7 часот и 41 минута. Првиот бил со јачина од 3,3 според Рихтерова скала, додека вториот со магнитуда 3.

Овие два земјотреса биле почувствувани со интензитет од 4 степени според Европската макросеизмичка скала во околината на пограничниот премин Меџитлија, додека во Битола и околината со интензитет од 3-4 степени според истата скала.