СДСМ маршира за правда во Скопје

586

Вечерва во Скопје започна „Маршот за правда“ во организација на владејачката СДСМ. Граѓанскиот марш започна пред Собранието на Република Македонија, од каде насобраните граѓани предводени од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, членови на партијата и коалиционите партии носејќи транспаренти се упатија пред комплексот судови во Скопје, каде свое обраќање ќе има и Заев.

Како што најавија од партијата, маршот под мотото „Чекориме за правда“ се одржува со заложба за градење силно, независно и професионално обвинителство и судство.