Свечено отворена регионалната вежба „РЕГЕКС 19“

57

Со денешната церемонија на свечено отворање, започна петтата по ред регионална вежба „РЕГЕКС 19“, која ќе се реализира во период од 14 до 18 октомври во Центарот за симулации во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес.

Командантот на Здружената оперативна команда, генерал-мајор Павле Арсоски во своето обраќање го нагласи значењето на оваа вежба како можност земјите да имаат специфични обуки за нивните единици и да ги доведат нивните способности до ниво со кое успешно ќе одговорат на моменталните предизвици во областите каде треба да се одржува безбедноста, мирот и стабилноста во регионот.

Оваа компјутерски асистирана вежба е прва од ваков тип која се реализира во нашата држава, на која покрај припадниците на Армијата на Република Македонија ќе учествуваат околу 230 претставници од 18 држави од 4 различни континенти.

На вежбата, припадниците на нашата армија и припадници на армиите на три земји членки на НАТО, партнерство за мир, Медитеранскиот дијалог, Истанбулската иницијатива како и партнерски земји на НАТО во светот заеднички, преку компјутерски симулации ќе решаваат разновидни сценарија кои ќе ја покажат интероперабилноста во решавање на современите безбедносни предизвици согласно
стандардите на НАТО.

Целта на вежбата „РЕГЕКС 19“ е оспособување и извежбување на штабен армиски персонал за работа во мултинационална средина при планирање и водење на мировни операции предводени од НАТО.

Симулацискиот центар од составот на Командата за обука и доктрини во следните неколку денови ќе има можност да ги покаже своите капацитети за изведување на овој вид на активности од овој обем.

За успешна реализација на вежбата во планирачкиот процес претходеа 7 НАТО и 7 национални работилници. Претходно циклусот вежби „РЕГЕКС“ се реализираше: 2014 година во Турција, 2015 во Грција, 2016 во Босна и Херцеговина, 2017 во Јордан и 2018 во Србија.

На ден 16.10.2019 година пред највисокиот воен врв на денот за високи гости ќе бидат презентирани активностите кои се изведуваат на вежбата, како и капацитетите на армискиот центар за симулации.