Рускиот патријарх Кирил изрази сочувство за смртта на Амфилохие

152

Рускиот патријарх Кирил денеска изрази сочувство поради смртта на митрополитот црногорско-приморски Амфилохие.

Патријархот Кирил во името на Руската православна црква, како и во негово лично име, упати писмо до српскиот патријарх Иринеј и Српската православна црква.

Mитрополитот Амфилохије (82) почина утрово во Клиничкиот болнички центар на Црна Гора, по приемот на 6 октомври на болничко лекување поради тешкотии предизвикани од коронавирусот.

Вчера, медиумите јавија дека неговата здравствена состојба се влошила, односно дека дишел тешко и чувствувал болка во градите.