Роман што ги предвиде настаните и рекетот во Македонија

284

УТРЕ ЕКСКЛУЗИВНО ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“

Во романот „Мрежата на Мамли“ на Блаже Миневски изненадувачки точно се опишани актуелните случувања во Македонија, почнувајќи од Преспанскиот договор па до оставката на Катица Јанева!
Романот, излезен пред пет месеци, ги открива рекетарските нишки во кои е заплеткана државата, многу порано и пред официјално да биде обелоденет најновиот случај „Рекет“, кој ја вчудовиде и ја потресе целокупната јавност.
Може ли „Мрежата на Мамли“ да послужи како своевидна поука или упатство како да се води истрагата за случајот „Рекет“?
„Група улави идеалисти, фатени во ’мрежата на срамот‘, налудничаво веруваат во својот утопистички свет што им е дошепнат како идеологија или создаден од нивната сопствена непресметаност“, пишува во поговорот на романот академик Митко Маџунков.
Во утрешниот број на весникот ќе објавиме извадок од овој роман за кој веќе се подготвува и второ издание.