Родителите на невакцинираните деца ќе бараат помош од Хелсиншкиот комитет

522

Родителите на социјалните мрежи бараат совет каде да се обратат за помош доколку нивното невакцинирано дете не биде примено на училиште. Некои од родителите велат дека ќе се обратат за помош во Хелсиншкиот комитет за човекови права или во канцеларијата на Народниот правобранител.

Во меѓувреме, Mинистерството за здравство и Mинистерството за образование и наука уште не донеле одлука дали децата што се невакцинирани ќе бидат примени на училиште.

Се очекува одлуката за ова прашање да се дознае по средбата на министерот за здравство Венко Филипче со министерката за правда Рената Дескоска и со министерот за образование Арбер Адеми. 

Уписот во училиштата тече уште оваа недела и потоа ќе се знае дали некое дете не било запишано во училиште поради неуреден вакцинален картон.