Република Северна Македонија „залепена“ на граничниот премин „Богородица“

1029
Фото: Игор Бансколиев

Бројни домашни и странски медиумски екипи, меѓу кои и онаа на „Нова Македонија“, го проследија поставувањето на новото уставно име на граничниот премин „Богородица“, каде што надлежните служби поставија налепница со називот Република Северна Македонија на веќе постоечката табла. На чинот на поставувањето на новото име беа присутни медиумски екипи од Грција, Косово, Полска…

Новото име стапи на сила од вчера, со пристигнувањето на вербалната нота од грчкото Министерство за надворешни работи и објавувањето во Службен весник.