Меѓународниот саем РЕНЕКСПО за првпат во Македонија

127

Меѓународниот саем РЕНЕКСПО за првпат во Македонија ги отвора своите врати на деловните лидери, носителите на одлуките, локалните и меѓународните стручњаци за обновлива енергија, управување со водите и управување со цврст отпад, со повеќе од 50 меѓународни и домашни изложувачи. Во текот на 3 и 4 декември РЕНЕКСПО во соработка со релевантните државни агенции и деловни партнери ќе одржи шест конференции и тркалезни маси, во хотел „Александар палас“ во Скопје.

РЕНЕКСПО е регистрирано заштитно име на Компанијата „РИКО Интернешнл“  која е организатор на саеми, изложби и конференции низ цела Европа. Од 1997 година „РИКО Интернешнл“ и „РИКО ГмбХ“ се пионери, чија цел е да го трасираат патот кон снабдувањето со енергија заснована на обновливи извори на енергии, да промовираат нови можности за отпад и вода, и да ги интегрираат решенијата за енергетската ефикасност.

Саемите РЕНЕКСПО станаа препознатлив бренд на Западен Балкан уште од 2014 година, кога се одржаа првите изложувања во Белград и Сараево. На нив се претставија релевантните странски компании со своите напредни технологии и се собраа заинтересираните страни да најдат можности за соработка, инвестирање и иновации на овој високо потенцијален пазар. Најзначајните настани на „РЕНЕКСПО“ се конференциите и тркалезната маса на кои владините службеници, креаторите на политиките, членовите на дипломатскиот кор, лидерите во индустријата и инвеститорите, ги промовираат своите интереси, ги здружуваат силите во заеднички напори и ги обликуваат идните трендови. Тоа е единствено место каде можете директно да ги контактирате потенцијалните партнери и да пронајдете информации од прва рака. Со широката мрежа на соработници во Компанијата „РИКО“, како од регионот, така и од странство, секој саем РЕНЕКСПО е наменет за успех.

Бидејќи ова е првиот саем РЕНЕКСПО во Македонија, многу странски компании се заинтересирани да ги покажат своите технологии и да воспостават партнерства со локалните претпријатија и институции. Исто така, пошироката јавност би била заинтересирана да се информираат за можните одржливи решенија за енергетските потреби на Македонија, како и за решенија за заштита на животната средина.

Темите, тркалезните маси и дискусиите на нашите саеми се многу релевантни за квалитетот на животот на граѓаните на Македонија и директно влијаат на економскиот развој на целиот регион.