Редовни вежбовни активности на Армијата

81

Генералштабот на АРМ информира дека во текот на денешниот ден во гарнизоните ќе бидат изведени вежбовни активности кои се дел од редовните и планирани активности на командите и единици на Генералштабот.

– Овие планирани вежбовни активности вон работно време се изведуваат во текот на годината според годишниот План на обука и вежби во Генералштабот, при што припадниците на Армијата ги валоризираат предвидените постапки и мерки за извршување на задачите. За оваа активност и раздвижувањето кое денес ќе се одвива во гарнизоните на единиците навремено се известени сите релевантни институции на подрачјата каде се одвиваат активностите- се вели во соопштението од ГШ на АРМ.