Регистриран земјотрес во источна Македонија

331

Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 13.31 часот, регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа 120 километри југоисточно од Скопје и потекнува од пехчевското епицентрално подрачје.

Земјотресот со интензитет од 3,4 степени според Рихтеровата скала (три степени според Европската макросеизмичка скала) беше почувствуван од населението во Пехчево, Делчево и околината со интензитет.