Разгледана иницијативата за застарување на судски предмети и намалени казни

202

Тема на денешниот стручен колегиум на уставните судии беше разгледување на иницијативата за членот 353, став 5 од Кривичниот законик, кој се однесува на застарување на предметите или намалување на казните за случаи поврзани со злоупотреба на службената должност и овластување. Од судот информираат дека на една од нивните наредни седници ќе биде донесена мериторна одлука.

– На колегиумот се разгледуваше оформениот предмет по иницијативата У.бр. 106/2019, со која е оспорена опредбата од член 3535 став 5 од Кривичниот законик. На седницата на стручниот колегиум сите судии ги изнесоа своите размислувања за неколку важни и спорни прашања покренати на претходната седница. Уставниот суд ќе донесе мериторна одлука на една од наредната седници – се наведува во соопштението.

Иницијативата е поднесена од адвокатот Еленко Миланов, кој брани неколку поранешни функционери во случаи што беа водени од СЈО.