Работната група бара решение за проблемите со пасошите

147

Во врска со одлуката на Влада со која беше задолжено Министерството за внатрешни работи да формира работна група предводена од страна на министерот Наќе Чулев, што ќе даде предлог-решение за надминување на состојбата со недостигот на обрасци за пасоши, од МВР информираат дека во текот на денешниов ден работната група имаше состанок, при што се побарани дополнителни податоци од Одделот за управни работи со цел утврдување на фактичката сосотојба околу побарувањата на граѓаните за патни исправи за изминатиов период.

До крајот на денов закажана е уште една средба на работната група во МВР по што јавноста дополнително ќе биде информирана околу следните чекори во насока на решавање на настанатата состојба, се наведува во соопштението.