Пуштена во употреба нова операциона сала на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија

83
Фото: Маја Јаневска-Илиева

На Клиниката за торакална и васкуларна хирургија во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје денеска беше пуштена во употреба новата операциона сала.

На настанот присуствуваше премиерот Оливер Спасовски кој кажа дека и во наредниот период продолжува спроведувањето на политики кои овозможуваат квалитетно и модерно здравство за сите граѓани во Македонија.

Притоа тој додаде дека останува определбата на Владата да ги подобрат условите за мотивирање на медицинскиот персонал да остане и оние што заминале да се вратат во нашата земја.

– Ќе кажам уште еден куриозитет. Успеавме на оваа Клиника да вратиме еден врвен експерт кој што беше замина и работеше во Обединетите Арапски Емирати и гледајќи ги овие процеси сакаше да се врати назад и да придонесе со својата експертиза за да биде дел повторно од Клиниката за торакална и васкуларна хирургија – рече министерот за здравство, Венко Филипче, информирајќи дека според анкетите над 60 проценти од студентите кои што се на завршната година на медицинскиот факултет имаат желба и иднината ја гледаат овде во земјата.

Директорот на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, Неџати Јакупи, информираше дека новата операциона сала е една од најсовремените операциони сали во нашата држава и регионот и ги исполнува највисоките стандарди за пружање на квалитетна здравствена услуга на граѓаните.