Фото: Маја Јаневска - Илиева

Пред Собранието на Република Македонија, истовремено со одржувањето на пленарната седница, се одржува протестот против уставните измени, организиран од „Македонија Блокира“.

Фото: Маја Јаневска – Илиева

Страшо Ончев од здружението „Македониум” рече дека агендата која ја работат во Собранието не е македонска и дека имаат неколку барања кои денеска ќе ги порачаат од протестот.

Фото: Маја Јаневска – Илиева

– Ова што се случува во Собранието денеска е класична узурпација на она се што значи македонизам. Пратениците веднаш да го напуштат Собранието. Заев да си поднесе оставка, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат на народот – рече Ончев.

Фото: Маја Јаневска – Илиева

Организаторите информираа дека утринава додека се подготвувале за протестот им била исклучена струјата при што биле принудени да купат агрегат. Пред Собранието на булеварот има поставено двојни барикади, а видно е и бројно полициско обезбедување околу Парламентот.

Фото: Маја Јаневска – Илиева