Прославете ги празниците одговорно – без употреба на пиротехнички средства

50

Домашните миленици не можат да се заштитат сами од нашето неодговорно
дејствување во општеството. Тие не умеат да се справат со нашите неодговорни
постапки кои имаат само негативно влијание врз здравјето и квалитетот на живот на
едно милениче. Нашето општество не придонесува многу за заштита на животните. Неодговорното сопствеништво како основа на сите проблеми го продлабочува веќе
постоечкиот проблем и го ништи секој обид на поединецот или здружение за подобрување на општата ситуација, вели ветеринарот Бојан Смиљанов.

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници многумина ќе обезбедат пиротехнички средства чија употреба има големо негативно влијание кај милениците, особено кај они оние кои се назаштитени и се наоѓаат на улица. Тие средства предизвикуваат стрес, страв и несигурност кај милениците. Овие појави подоцна можат да резултираат со појава на агресивност и недоверба, состојби кои постоечкиот проблем го прават уште поголем.

Затоа апелирам до сите граѓани и граѓанки да покажат одговорност и свесност при прославите како би ги заштитиле милениците, а пред сѐ со тоа и помладите генерации и децата како не би дошло до повреди. Бидете дел од мозаикот на одговорни граѓани и покажете грижа кон оние на кои им е потребна нашата помош. Незаштитените и послаби од нас не се наша сопственост, но се наша одговорност, заклучува Смиљанов.