Променливо облачно со сончеви периоди

38

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, во источните делови засилен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во западните делови.

Минималната температура ќе биде помеѓу 8 и 15, а максималната ќе достигне од 20 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има краткотраен пороен дожд.

Температурата ќе се движи од 13 до 26 степени.

И во вторник ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Околу пладне и попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Преодно стабилизирање ќе има во среда, а од четврток попладне под влијание на влажен бран нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде на повеќе места.