Променливо облачно со сончеви периоди

76

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од нула до осум, а дневната од 12 до 20 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од југоисточен правец.  Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, на места со повремени врнежи од дожд. Од недела до крајот на денот ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец.