Променливо облачно, попладне локални врнежи од дожд

124

Времето во земјава ќе биде променливо облачно, попладне во западните делови со локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови значително намалување на дневната температура, особено во северните делови.

Утринската температура ќе се движи од нула до седум степени, а дневната температура од 10 до 18 степени. Во Скопје променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.Утринската температура ќе достигне до шест, а дневната температура до 15 степени.

Од петок утринските температури на места ќе се спуштаат и под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.