Променливо облачно време со можност за дожд попладне

36

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб, а наместа умерен ветер од југоисточен правец, информираат од УХМР.

Како што додаваат оттаму, во текот на денот облачноста ќе се зголеми, а во вечерните и во ноќните часови ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поинтензивни и проследени со грмежи и со засилен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 18 степени.

Во Скопје, претпладне променливо облачно со слаб ветер од југоисточен правец. Попладне облачноста ќе се зголемува, а во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.