Променливо облачно време, попладне дожд и грмежи

752

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, а од пладне и попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите се очекува да бидат поинтензивни во форма на невреме со можна појава на град.

Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната температура од 17 до 28 степени. УВ индексот ќе изнесува шест.

Во Скопско претпладне ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди, а од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и со можна појава на град. Температурата ќе се движи од 13 до 26 степени.

В понеделник ќе биде особено нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер. Процесите ќе бидат поинтензивни на запад и на југ, каде што ќе има и почеста појава на град. Во вторник и среда ќе биде малку посвежо со повремени врнежи од дожд претежно во попладневните часови, а условите за нестабилност ќе бидат помали.