При контрола на јавниот превоз затекнати 18 возила со технички пропусти

90

Полицијата вчера спроведе засилена акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници во Штип, Велес, Струмица, Кавадрци и Неготино.

При контролите било констатирано дека кај вкупно 18 возила имало неправилности, соопшти МВР.

Во Штип биле контролирани 93 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз, од кои 74 биле упатени во станица за технички преглед. При контролите констатирани се девет неправилности, односно кај две е утврдена неисправност на уред за запирање, кај едно неисправен уред за управување, четири имале неисправни светлосни уреди и две непродолжена регистрација.

Полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Велес извршиле контрола на техничката исправност на 43 автобуси и возила кои вршат јавен превоз на патници. Притоа, била утврдена неисправност на три возила од контролираните 21.

При акцијата на јавниот превоз во Струмица, 45 возила биле упатени на вонреден технички преглед, при што кај шест се констатирани неправилности. Возилата се исклучени од сообра’ај и се издадени шест прекршочни платни налози.

МВР јави дека во Кавадарци и Неготино од контролираните 22 возила сите биле исправни.