Претстои жешка недела со температури над 35 степени

151

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.

Од таму истакнуваат дека минималната температура ќе биде помеѓу девет и 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево време со умерен северен ветер и температура од 16 до 31 степен.

Под влијание на топол бран од понеделник следува многу топло време со максимални дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30, а во вторник и во среда на повеќе места ќе надминат и 35 степени.

Од среда до петок, во попладневите часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.