Претседателската страница во изработка, новото име напишано на три јазици

47

Новата официјална страница на претседателот Стево Пендаровски е во изработка.

Информацијата за изработката на сајтот и новото име на државата Република Северна Македонија се напишани на три јазици: македонски, албански и англиски јазик.

До последниот ден од мандатот на експретседателот Ѓорге Иванов, името на државата на сајтот остана непроменето.