Претседателот положи цвеќе пред Споменикот на паднатите борци од НОБ

138

Претседателот Стево Пендаровски, заедно со претставници на Сојузот на борците, по повод 2-ри Август – Ден на Републиката, денеска, во Алејата на великаните, на градските гробишта Бутел во Скопје, положи цвеќе пред Споменикот на паднатите борци од НОБ, се поклони и оддаде почит на вечните почивалишта на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски и на генерал Михајло Апостолски.

Делегација од кабинетот на претседателот, предводена од генералниот секретар Миле Бошњаковски, по повод 2-ри Август, положи цвеќе пред споменикот на АСНОМ во паркот Жена-борец, пред споменикот на Никола Карев пред Собранието и пред споменикот на Методија Андонов-Ченто на градскиот плоштад во Скопје.

По повод 2-ри Август – Денот на Републиката, делегации од кабинетот на претседателот денеска учествуваат на одбележувањето на Илинден во Крушево, во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце и во Смилево.