Претпладне сончево, попладне можен дожд и грмежи

138

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала локална облачност. Во попладневните часови во северните делови ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. 

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а  дневната од 24 до 35 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје претпладне ќе биде  сончево со мала доумерена облачност, попладне со услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе се искачи до 32 степени.

Во недела времето ќе биде стабилно и топло, а во почетокот на наредната седмица ќе има локален дожд, умерен ветер и опаѓање на температурата за неколку степени.