Претпладне сончево и топло, попладне можност за дожд

91

Од денеска до вторник во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Метеоролозите најавуваат услови за локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме и со појава на град.

Што се однесува до времето денеска, според прогнозите на УХМР, предпладнево ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови облачноста ќе се зголемува, особено во западните и северните делови на земјава, каде ќе има услови за нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура во земјава ќе се спушти во интервалот од 13 до 21, а највисоката дневна температура преку денот ќе достигне од 30 до 38 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност, во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.