Православните христијани го празнуваат Велики петок

485
Фотографии: Игор Бансколиев

Велики Петок е денот на Христовите страданија, кои започнуваат уште ноќта, во Гетсиманија. Затоа гетсиманските настани ги вбројуваме во Велики Петок. Тие се случувале доцна во ноќта – по полноќ. Според европското мерење на времето – во петок.

Утрово во црквите и манастирите се служеа царските часови.
Одбележувањето на Велики петок ќе продолжи попладнево, а во сите цркви ќе се служи вечерна Богослужба.

За Велики петок, денот на страдањата и смртта на Исус, црквата пропишува најстрог пост, денот да мине без јадење и пиење, освен за немоќните и старите. На Велики петок не бијат црковните камбани, кои ќе се огласат в недела на денот на Христовото воскресение.