Потпишани договори за изградба на нови градинки

101

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска потпиша договори со уште четири општини за изградба на нови и проширување на капацитетите на градинки како дел од компонента од грант на Светска банка.

Договорите Царовска ги потпиша со градоначалниците и овластени претставници на општините Карпош, Валандово, Пробиштип и Арачиново. Вкупната вредност на овие договори е 133.900.000 денари, а со изградбата на објектите се обезбедува вкупен простор за 315 деца.

Општина Арачиново со потпишувањето на овој договор ја добива првата детска градинка.

Во текот на изминатата година преку истата компонента за којашто се обезбедени вкупно 15 милиони евра беа потпишани договори за изградба на градинки во Кочани, Неготино, Кисела Вода и Кавадарци, Ѓорче Петров, Струмица, Крива Паланка, Боговиње и Ресен.