Постигнат договор со кофинансираните специјализанти

116

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, вчера и денеска оствари средби со приватните специјализанти доктори на медицина од конкурсот во 2019 година и со кофинансираните специјализанти.

На средбата, министерот Филипче ги информираше приватните специјализанти доктори на медицина дека ќе бидат платени за работата од месец февруари 2020 година, со што ги изедначуваме со статусот на нивните колеги кои за првпат добија надоместок за својата работа во 2018 година.

Постигнат е договор и со кофинансираните специјализанти. Министерот Филипче изјави дека се пристапува кон измена во Законот за здравствена заштита согласно нивните барања. Со ова, се подобрува нивниот статус и мотивација за натамошната работа, соопшти Министерството за здравство.