Попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи

261
Фото: Дарко Андоновски

Времето претпладне ќе биде сончево, на одделни места со умерена облачност. Од пладневните часови и особено на североисток ќе биде нестабилно со повремено пороен дожд, грмежи и услови за појава на град.

Ќе дува западен до југозападен ветер кој особено во западните делови и на повисоко ќе засилува. Минималната температура од 13 до 20, а максималната од 27 до 35 степени.

Во Скопје претпладне сончево со мала облачност. Од пладне облачноста ќе се зголеми и ќе има услови во делови од Скопско за краткотрајна нестабилност. Температурата ќе се движи од 18 до 34 степени.

Од попладне следи период со нестабилност, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процеси ќе бидат во форма на невреме. Денеска и во средината на неделата ќе дува повремено засилен ветер. Пообилни врнежи ќе има утре. Во следниот период дневните температури ќе опаднат, па во понеделник само некаде ќе надминат над 30 степени. Кон крајот на работната недела не очекува постабилно и повторно топло време.