Попладне локално невреме со пороен дожд и грмежи

99

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса денес попладне и во вечерните и ноќните часови на места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.