Попладне засилен ветер долж Повардарието

36

Засилен ветер со брзина од 80 километри на час се очекува попладнево особено во северните делови од државата долж Повардарието. 

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека од попладне облачноста ќе се зголемува. 

Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од осум до 19, а дневната од 20 до 31 степен.

И во следните денови продолжува периодот на стабилно и суво време. Утре ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе биде најизразен долж Повардарието. Температурите ќе бидат во благ пораст, а во петок и за време на викендот повремено облачноста ќе се зголемува.